logo
logo
logo

Битиќи: За сите важни економски прашања имаме отворена дискусија со стопанството

Vecer | 26.03.2021

Битиќи: За сите важни економски прашања имаме отворена дискусија со стопанството

Денес во Владата се одржа седница на која владини претставници дискутираа со членови на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи нагласи дека создавањето на предвидливо бизнис опкружување е едно од најважните теми за секој стопанственик, па токму во таа насока, пред донесување на било какво законско или под законско решение, Владата ќе продолжи со отворена дискусија и консултација со бизнис секторот, за да се унапреди деловното опкружување, да се обезбеди предвидливост и одржливост на економските текови.

Претставниците на бизнис секторот беа запознаени со предлог-измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, статусот за прогресот во подготовка на Законот за работни односи, како и одредени предлози за законски измени поврзани со минималниот праг за основица за плаќање на придонеси и данок на имот.

Во однос на предлог измените на Законот за финансиска поддршка за инвестициите, Вицепремиерот Битиќи посочи дека со дел од измените на Законот ќе им се помогне на компаниите во пребродување на тешката 2020 година.

„Тоа се однесува и на компаниите кои веќе земале помош по мерките од законот, да не бидат елиминирани поради пад на приходи, и затоа воведуваме предлог измени во условите за аплицирање. Дополнително, ќе се променат начинот и условите на исплата, односно ќе се прават исплати тековно што ќе биде дополнителна помош и зголемување на ликвидноста на компаниите“, потенцира Битиќи.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска, информираше за прогресот на активности во подготовката на измените на Законот за работни односи, за измените кои се однесуваат за „Недела неработен ден“, како и за усогласувањето на минималната плата.

Вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска, посочија дека примената на законот за работни односи и „Недела неработен ден “, ќе бидат со одложена примена, од 1-ви јануари 2022 година, и истото ќе важи и за измените и дополните во Законот за данок на имот.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk