logo
logo
logo

Бектеши: Двојазични етикети мора да има, ДПИ ќе врши проверки

Vecer | 09.02.2023

Бектеши: Двојазични етикети мора да има, ДПИ ќе врши проверки

Државниот пазарен инспекторат нема да ги проверува старите етикети и амбалажи дали се двојазични, но ќе има одговорност за сите нови набавки што ќе се направат во следниот период. Ова го најави министерот за економија, Крешник Бектеши при денешната посета на приватна компанија во Скопје.
– Во нашата држава, инспекција според Законите за потршоучвачи и за трговија, врши ДПИ. Јас имав состанок со новиот директор на Државниот пазарен инспекторат. Во дел на залихите инспекторите нема да постапат затоа што веќе се набавени реклами, амбалажи, етикети, декларации… За новите набавки сите наши трговци и компании набавките имаат задолжение да ги испечатат двојазични. Не е фер во земја како Северна Македонија да имаме на други јазици, а да немаме на српски, влашки, босански, турски и на ромски каде што се има можност. А согласно законот за употреба на јазиците, двојазични етикети со македонски и албански мора да има – рече министерот Бектеши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk