logo
logo
logo

СОН ЗА ЕВРОПСКА ПЕНЗИЈА: Па, во Бугарија, Словачка или Романија не би се усреќиле со тој сон

Vecer | 07.01.2026

СОН ЗА ЕВРОПСКА ПЕНЗИЈА: Па, во Бугарија, Словачка или Романија не би се усреќиле со тој сон

Според податоците од Статистичкиот завод на Европската унија (Евростат), во 2023 година просечната бруто годишна пензија во ЕУ изнесувала 17.321 евра. Тоа се 1.443 евра месечно. Во рамките на земјите-членки, годишните пензии варирале помеѓу 373 евра (4.479 евра годишно) во Бугарија и 2.867 евра месечно (34.413 евра годишно) во Луксембург. Во Македонија, во 2025 година, просечната месечна пензија е 430 евра (5.160 евра годишно), или 600 евра годишно повеќе од Бугарија која е членка на ЕУ.

Во соседна Србија до декември 2025 годишно просечната пензија изнесуваше 437 евра месечно што е еднакво на македонската просечна пензија, по покачувањето на пензиите од 12% во декември во 20026 таа ќе биде 485 евра месечно. Се уште нам податоци за просечната нето пензија во Албанија за 2025-та но, според Еуроњуз тие се и понатаму најмали во регионот, под просекот на пензии во Бугарија, Србија и Македонија. 

Во Грција просечната нето пензија е помеѓу 800 евра (за оние кои се пензионирале пред 2016-та и околу 850-900 евра за оние кои се пензионирале потоа.

Но, европската статистика не се осврнува само на износи туку колку пензијата има вредност во споредба со основните трошоци на живот (Куповна моќ ППС) а тие основни трошоци се значително најголеми во Грција во однос на Турција, Бугарија, Србија и особено Македонија каде истите се помали.

Гледајќи пошироко, меѓу 34 европски земји, просечните годишни пензии се движат од 3.377 евра во Турција што е значително помалку и од Бугарија до дури 38.031 евра во Исланд. Ова значи дека највисоката просечна пензија во Европа е повеќе од 10 пати повисока од најниската.

Четирите најголеми економии на ЕУ се исто така малку над европскиот просек. Меѓу нив, Италија има највисоки пензии, по што следат Шпанија, Франција и Германија. Она што им е заедничко на овие три земји е тоа што сите имаат големи државно финансирани пензиски системи и многу поскромни професионални системи што покриваат само одредени сектори или работодавачи. Затоа трошоците за пензиски бенефиции се многу високи, се наведува во анализата.

Пензии над европскиот просек има и во четири нордиски земји, од кои Исланд не е во ЕУ. Просечната годишна пензија е највисока во Данска - 30.543 евра, а најниска во Шведска - 22.674 евра.

Источен блок и куповна моќ

Парите што се примаат за пензија во една држава не значи дека вредат колку парите примени, па и поголем износ, во друга држава - важно е што и колку може да се купи за нив - то е износот на куповната моќ - ППС даден во следните пресметки во кои се гледа дека ППС во богатите држави со високи пензии е со многу помала реална куповна моќ за пензионерот.

Земјите од поранешниот Источен блок генерално имаат пониски просечни пензии, но поголеми привилегии им се даваат на пензионерите, како што се бесплатно здравствено осигурување, превоз и субвенционирано домување, што го зголемува нивото на социјална заштита.

Благодарение на ваквите социјални бенефиции, квалитетот на животот на пензионерите е повисок отколку што би бил ако зависеле само од својата пензија.

Ако во пресметката се вклучат и стандардите за куповна моќ, редоследот на европската листа значително се менува.

Овие стандарди ги одразуваат реалните трошоци за живот, па, на пример, рангирањето на Шпанија и Турција значително се подобрува по корекцијата со овие паритети. Шпанија се поместува од 13-то на 4-то место, додека Турција се искачува од последното 34-то на 25-то место.

Спротивно на тоа, Швајцарија паѓа од 5-то на 15-то место, а Словачка од 27-мо на 33-то место.

Во Европската Унија, пензиите претставуваат во просек околу 60% од приходот што некој го добивал непосредно пред пензионирањето.

Според ОЕЦД, линијата на сиромаштија е дефинирана како 50 проценти од средниот приход на домаќинството од вкупното население, во ЕУ ризик од сиромаштија не е мал и а таа стапка се зголемила од 12 проценти во 2013 година на 15,5 проценти во зоната на сиромаштија меѓу пензионерите во 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk