logo
logo
logo

Известени МВР и ЈО

КАЗНЕТА И ДУРМО ТУРС, утврдени 21 неправилност во 138 инспекциски контроли (СПИСОК НА ПРЕКРШИТЕЛИ)

Vecer | 23.03.2025

КАЗНЕТА И ДУРМО ТУРС, утврдени 21 неправилност во 138 инспекциски контроли (СПИСОК НА ПРЕКРШИТЕЛИ)

Во претходните денови се извршуваа инспекциски надзори кои се спроведуваа согласно акционен план на Министерство за транспорт – Државен инспекторат за транспорт од страна на државните инспектори за патен сообраќај, па оттука ве известуваме дека во претходните три дена се извршени 138 контроли од кои се констатирани 21 неправилност кај правните и физичките лица при вршење на превоз на патници и стоки и за сите неправилности се изречени соодветни казни.

За утврдените неправилности ќе бидат  информирани и Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство со цел нивно понатамошно постапување, соопштија од миниистерството за траспорт.

Во прилог се правните лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни, и тоа:.

  1. Дурмо турс со седиште во Гостивар
  2. Дени интернационал со седиште во Илинден
  3. Свис мак алигега со седиште во Гостивар
  4. Зем промет – компани со седиште на ул.Босилово, бр.13, Сарај
  5. Словин Билјана со седиште во Охрид
  6. Бис со седиште во Охрид
  7. Пештер ДОО со седиште во Скопје – Чаир,
  8. Димитриоски со седиште во Скопје – Гази баба
  9. Хисари-ГД со седиште во Дебар
  10. Инком бизнис со седиште во Куманово,
  11. Палас експорт -импорт од Гостивар,

Исто така беа констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.

Воедно информираат дека Министерство за транспорт – Државен инспекторат за транспорт преку сите државни инспектори, од Понеделник 24.03.2025 година согласно донесениот Акционен план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, ќе спроведува секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk