logo
logo
logo

БЕЗ ГРИЖА ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН ЌЕ ИМА - Стабилно е снабдувањето на домашниот пазар

Vecer | 26.03.2025

БЕЗ ГРИЖА ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН ЌЕ ИМА - Стабилно е снабдувањето на домашниот пазар

Во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарство при Стопанската комора ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца.

Како што информираат денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници.

Во просториите на Комората вчера се одржала работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното министерство предводени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Најголемите производители и извозници на јајца најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација, велат од Комората.

Оттаму ги потсетуваат потрошувачите да внимаваат при купувањето – да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk