logo
logo
logo

Повеќе ред, помалку злоупотреби: стартува новата програма за директни плаќања во земјоделството

Vecer | 16.02.2026

Повеќе ред, помалку злоупотреби: стартува новата програма за директни плаќања во земјоделството

Владата ја усвои новата Програма за директни плаќања за 2026 година, со која се воведуваат клучни промени во начинот на субвенционирање на земјоделците. Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, појасни дека главната цел на реформите е зголемување на домашното производство на храна и воведување строг ред при исплатата на државната помош.

Како една од позначајните новини е минималното зголемување на површините кои се услов за добивање субвенции. Министерот е дециден – контролите на терен ќе бидат безмилосни за да се спречат досегашните злоупотреби.

„Инспекторите се ставени на располагање на Платежната агенција за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина. Дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во откупувачките центри“, истакна Трипуновски.

Министерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата за кратење на средствата, нагласувајќи дека не станува збор за кратење, туку за воведување ред каде субвенциите ќе завршуваат кај вистинските земјоделци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk