logo
logo
logo

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА КУПУВАЊЕ НА 150 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

Vecer | 27.02.2026

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА КУПУВАЊЕ НА 150 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

Министерството за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полнилници, со што државата прави нов чекор кон модернизација на јавниот превоз и намалување на загадувањето.

Според планот, најголемиот дел од возилата, 100 автобуси, се предвидени за Град Скопје, додека преостанатите 50 ќе бидат распределени во други општини низ државата.

Избраниот понудувач ќе треба да ја реализира испораката по фази: првите 30 автобуси во рок од шест месеци, потоа 60 во рок од 12 месеци и уште 60 во рок од 18 месеци.

Рокот за доставување на понудите е до 30 март 2026 година.

д Министерството за транспорт велат дека инвестицијата е дел од поширока стратегија за почист воздух и поефикасен јавен превоз.

„Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобрување на условите за граѓаните во користењето на јавниот превоз“, соопштија од Министерството.

Оттаму додаваат дека новите електрични автобуси, покрај еколошките придобивки, на долг рок треба да донесат и пониски трошоци за одржување и енергија.

Јавниот повик е објавен на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк:

 https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk