logo
logo
logo

Комисијата го избра Ристов за нов претседател на Регулаторна, следува гласање во Собрание

Vecer | 17.03.2026

Комисијата го избра Ристов за нов претседател на Регулаторна, следува гласање во Собрание

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно искуство во енергетиката и инфраструктурните системи, е предложен за нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика, по оставката на досегашниот прв човек Марко Бислимоски.

Предлогот за Ристов беше поддржан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со седум гласа „за“, два „против“ и без воздржани. За да стапи на функцијата, потребно е неговиот избор да биде потврден и на пленарна седница во Собранието, пренесе МИА.

Ристов, кој потекнува од Радовиш, во периодот од ноември 2021 до октомври 2025 година ја извршувал функцијата градоначалник на општината.

На огласот за претседател на Регулаторната комисија се пријавил и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки и долгогодишен вработен во Комисијата, но не влегол во потесниот избор поради неисполнување на условите.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски, изјави дека кандидатот не ги исполнувал критериумите од јавниот оглас, посочувајќи дека образованието не било во согласност со барањата.

На ваквата одлука реагираше пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ, која побара појаснување зошто во огласот се ограничени критериумите за образование, иако, според член 47 од Законот за енергетика, се дозволуваат повеќе области.

Сајковски појасни дека Комисијата се водела согласно законските одредби, додавајќи дека Регулаторната комисија ја сочинуваат седум члена, од кои еден е претседател.

Досегашниот претседател Марко Бислимоски поднесе оставка на 12 февруари годинава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk