logo
logo
logo

Мицкоски: ИМАМЕ ТАЛЕНТ И ПОТЕНЦИЈАЛ да станеме регионален центар за нови технологии

Vecer | 07.05.2026

Мицкоски: ИМАМЕ ТАЛЕНТ И ПОТЕНЦИЈАЛ да станеме регионален центар за нови технологии

Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе, имаме стратешка географска позиција, имаме потенцијал да станеме регионален центар за нови технологии, логистика, напредно производство и дигитални услуги, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Германско-македонскиот бизнис самит во организација на АХК Северна Македонија.

Нашата задача како Влада, нагласи Мицкоски, е тој потенцијал да го претвориме во реален економски раст и затоа работиме на политики што ќе поттикнат иновации, стартап екосистем, истражување и развој, поврзување помеѓу универзитетите и индустријата, како и поголема поддршка за домашните компании кои сакаат да инвестираат во модерни технологии.

Мицкоски порача дека германските компании не се само инвеститори, тие се партнери во трансформацијата на нашата македонска економија и затоа, како што рече ова е настан кој испраќа силна порака дека партнерството помеѓу нашите две земји не е само економска соработка, туку заедничка визија за иднината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk