logo
logo
logo

МЕСЕЧНАТА ИНФЛАЦИЈА НА ХРАНАТА нема да надмине еден процент, вели премиерот Мицкоски

Vecer | 05.05.2026

МЕСЕЧНАТА ИНФЛАЦИЈА НА ХРАНАТА нема да надмине еден процент, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува домашната инфлација да се движи во рамките на европските вредности.

Иако се предвидува одредено нагорно движење поради базалниот ефект од минатата година, фокусот на Владата останува на стабилизирање на цените на основните прехранбени производи.

Мицкоски истакна дека, благодарение на засилените контроли на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), не се очекува месечната инфлација за храната во април да надмине еден процент во споредба со март. 

- Ги следам трендовите во Европа, гледам има голем раст на инфлацијата во април во еврозоната, очекувам тоа да се случи и кај нас од проста причина што во април минатата година се уште имавме велигденска кошничка. Следам кај нашиот источен сосед инфлацијата е над шест проценти, Хрватска е некаде меѓу 5,5 и шест проценти, кај јужниот сосед е околу 4,5 до пет проценти, така што очекувам во тие рамки да биде и кај нас, но важно е да се види како ќе се движи месечната инфлација за основните прехранбени производи споредено со март. Она што го правиме со ДПИ, не очекувам таа да биде поголема од еден процент, месечната во однос на март. Добро е работите побрзо да се стабилизираат, да заврши конфликтот во Иран, да се отвори Теснецот, за да можеме и во рамките на глобалните случувања да имаме поголема предвидливост, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk