Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто што САД ја воведе за увоз на македонските производи.
„На дневна основа работат тимови, и телефонски се слушаме. Очекувам многу скоро денеска убави вести за македонските граѓани и македонската економија“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој рече дека Владата и САД се во постојана комуникација, со тамошното министерство за економија, финансии, Стејт Департментот, кабинетот на претседателот Доналд Трамп.
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски имал куса средба со државниот секретар, а една од темите била оваа, рече Мицкоски.
Претходно неделава, американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто.
Владата потоа уверуваше дека одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, а тие план за надминување на ситуацијата. Македонската влада тогаш кажа дека нема потрeба од паника и избрзани реакции и заклучоци.
Трговската размена меѓу Македонија и САД минатата година изнесувала 314 милиони долари, од кои што 118 милиони долари е извоз на Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата