logo
logo
logo

4.100 СТОЧАРИ СЕ ОПФАТЕНИ ВО ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ

Vecer | 22.06.2025

4.100 СТОЧАРИ СЕ ОПФАТЕНИ ВО ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ

Во делот на исплатата на субвенции во сточарството, опфатени се повеќе од 4 100 сточари, а исплатени се околу 350 милиони денари, информира премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека од почетокот на годината исплатени се 9 милијарди денари, односно станува збор за долгови од 2021, до 2024 година. Мицкоски е на ставот дека земјоделците остануваат главен приоритет на Владата.

-Изминатиот период беа исплатени субвенции во делот на сточарството. Од почетокот на годината вкупно се исплатени околу 9 милијарди денари. Тоа не е само за овој период, тоа се долгови од 2021, 2022, 2023 година и од тековната 2024 година. Продолжуваме и понатаму и со ребалансот, и со онаа распределба на крајот на годината. Сакаме да го фатиме редот, да нема долгови и покрај тоа што мораме да враќаме долгови од 2021 година, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост-Богданци.

Тој потенцира дека има исклучително добри резултати и во делот на извозот во првите четири месеци од годината. Рече дека историски имаме највисока откупна цена на пролетна зелка, а добра откупна цена е и на доматите.

-Ќе мораме тоа да го сервисираме, бидејќи земјоделците се оние кои не само што ја хранат Македонија, туку морам да кажам дека има исклучително добри и квалитетни резултати и во делот на извозот во првите четири месеци од годината. Се радувам на историски највисоката откупна цена за пролетната зелка, а сега слушам дека е добра и откупната цена за доматите. Генерално, можам да кажам дека се уште не сме максимално задоволни, но одиме кон тоа ниво. Земјдолеците остануваат главен приоритет на оваа Влада, посочи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk