logo
logo
logo

Втората рата ќе биде исплатена во март 2027 година

ДРЖАВАТА ВРАТИ 19,7 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК

Vecer | 02.04.2026

ДРЖАВАТА ВРАТИ 19,7 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност, информира Министерството за финансии.

Враќањето на уплатените износи на компаниите почна минатата недела со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари (19,7 милиони евра).

Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари (повеќе од 48 милиони евра) согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата.

Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за враќање на средствата во два дела кои што ќе се реализираат во март 2026 и март 2027 година.

Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи, а врз основа на донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок.  

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени големите компании кои во 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра). Конкретно, од 156 компании во текот на 2023 година имаше буџетски прилив од околу 50 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk