logo
logo
logo

АМЕРИКА ОБЈАВИ: Островите со пингвини не се случајно на списокот за тарифи

Vecer | 06.04.2025

АМЕРИКА ОБЈАВИ: Островите со пингвини не се случајно на списокот за тарифи

Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник рече дека тарифите наметнати од САД за многу земји ширум светот ќе останат во сила „денови и недели“.

Тој додаде дека „некои острови населени со пингвини“ се вклучени во списокот за да не можат земјите да ги користат за да ги избегнат царините.

„Она што се случува е дека ако оставите нешто надвор од (тарифниот) список, земјите што се обидуваат во основа да арбитражаат во Америка доаѓаат кај нас преку тие земји“, изјави Лутник за CBS News, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека нема да има доцнење за воведените царини кои, според него, „дефинитивно ќе останат во сила со денови и недели“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги објави таканаречените реципрочни тарифи за увоз од околу 90 земји кои се над десет проценти сеопфатен данок што се применува на сите американски увози.

Опишувајќи ја најавата како „Ден на ослободувањето“, претседателот рече дека новите царини се потребни за да се избрише трговскиот дефицит меѓу САД и другите земји.

Повеќе од 50 земји стапија во контакт со Белата куќа за да започнат трговски разговори

Повеќе од 50 земји ја поканија Белата куќа да започне трговски преговори поради увозните царини што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет.

„Царините на Трамп досега поттикнаа повеќе од 50 земји да стапат во контакт со Белата куќа за да започнат трговски преговори“, изјави главниот економски советник на американскиот претседател за ABC News.

Тој негираше дека тарифите се дел од стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги урива финансиските пазари за да изврши притисок врз американската централна банка да ги намали каматните стапки.

Хасет истакна дека нема да има „политичка принуда“ на централната банка.

Тој посочи дека не очекува голем удар за потрошувачите бидејќи, како што наведе, „извозниците најверојатно ќе ги намалат цените“.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант претходно изјави за NBC News дека „нема причина“ да се предвидува рецесија врз основа на тарифите, наведувајќи го повисокиот од очекуваниот раст на работните места во САД.

Американските акции паднаа за околу 10 отсто во два дена откако Трамп го објави новиот глобален тарифен режим, за кој повеќето економисти и шефот на Федералните резерви на САД веруваат дека ризикува да ја поттикне инфлацијата и да му наштети на економскиот раст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk