logo
logo
logo

Нова авиолинија Охрид-Истанбул

Мицкоски: „Нови авио-линии се стратешка инвестиција во иднината на економијата, туризмот и меѓународната соработка“

Vecer | 27.03.2025

Мицкоски: „Нови авио-линии се стратешка инвестиција во иднината на економијата, туризмот и меѓународната соработка“

Денес стоиме пред вас со голема гордост и амбиција, развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, истакна денеска во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски.

-Нашата држава, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај, затоа нашата Влада активно работи на:

Воведување нови авиолинии – Преку партнерства со реномирани авиокомпании како „Туркиш Ерлајнс“, обезбедуваме директни летови до клучните европски и светски дестинации.

Поттикнување на нискобуџетни превозници – Ова ќе овозможи подостапни билети за нашите граѓани и ќе привлече повеќе туристи и инвеститори.

Модернизација на аеродромите – Подобрувањето на капацитетите и услугите во аеродромите во Скопје и Охрид ќе создаде услови за зголемен број летови.

Промоција на нашата земја како авиотранспортен центар – Работиме на меѓународни договори и иницијативи кои ќе ја зголемат атрактивноста на нашата земја за деловни и туристички патувања.Воведувањето нови авиолинии значи побрзо и полесно поврзување со светот, зголемување на туризмот, нови економски можности и унапредување на имиџот на нашата држава.

Нашата земја има огромен туристички потенцијал. Од живописните планини, прекрасните езера и богатото културно наследство, до топлината и гостопримството на нашите граѓани – сето ова ја прави Македонија атрактивна дестинација за домашни и странски посетители.

Затоа, нашата Влада активно работи на креирање политики и мерки што ќе го поттикнат туристичкиот сектор.

Инвестираме во патишта, аеродроми и железнички врски за да ја направиме нашата земја подостапна за туристите.Работиме и на промоција на Македонија како туристичка дестинација како и поддршка за малите и средни туристички бизниси.

Нашата цел е јасна – да ја направиме Македонија не само дестинација за посета, туку и место во кое туристите ќе се враќаат повторно и повторно.

Денешниот чекор е само почеток. Веруваме дека со заеднички напори ќе создадеме посилна, подостапна и глобално поврзана Македонија, рече Мицкоски во своето обраќање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk