logo
logo
logo

Размената на податоци со Централниот регистар е клучна - УЈП ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ОТВОРАЊЕ НОВИ БИЗНИСИ

Vecer | 27.10.2024

Размената на податоци со Централниот регистар е клучна - УЈП ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ОТВОРАЊЕ НОВИ БИЗНИСИ

Долги години постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар – едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис, информираше Управата за јавни приходи (УЈП) преку соопштение.

„На неодамнешниот, работен состанок помеѓу директорките на УЈП м-р Елена Петрова и Анита Стамнова и претставници од двете институции се разледаа и разговараа можностите за понатамошно поедноставување на постапките и унапредување на сервисите за размена на податоци и документи, особено: во рамки на новиот Регистар на иматели на сметки кој ќе го води Централниот регистар, за запишување на странци како основачи и управители на компании во Централниот регистар, доставување по службена должност на уверенија за платени даноци од УЈП во постапка за пренос на удел во Централен регистар, бришење на неактивни субјекти по службена должност во Централен регистар по претходна проверка во Управата за јавни приходи. Двете институции се посветени на унапредување на процесите и системите со цел поефикасно извршување на своите надлежности и подобра клима за работа на компаниите“, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk