logo
logo
logo

ЗА ДВА МЕСЕЦИ ОД СЕГА треба да пишува на сметките за струја ДАЛИ БРОИЛОТО Е ЧИТАНО ИЛИ НЕ

Vecer | 07.06.2025

ЗА ДВА МЕСЕЦИ ОД СЕГА треба да пишува на сметките за струја ДАЛИ БРОИЛОТО Е ЧИТАНО ИЛИ НЕ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека од најдоцна за два месеца на сметките за електрична енергија ќе стои дали броилото е читано од ЕВН или се работи за проценка, што ќе им овозможи на корисниците поголема прецизност при следењето на потрошувачката.

Заедно со ова, корисниците ќе добијат и упатство за правилно читање на броилата, со цел да ја разберат сметката и да ја проверат точноста на податоците.

Цената на струјата останува стабилна со последната понуда од страна на државните електрани ЕСМ од 62 евра за мегават час, но во есенскиот период се очекува нова анализа и евентуални промени. Ова е поради можното намалување на државната поддршка условено со Планот за раст на ЕУ, односно ЕСМ наместо 85% да и продава на ЕВН 70% од потребната количина електрична енергија. Затоа корисниците треба да бидат подготвени за евентуални корекции на цената.

Овие новини ќе ја зголемат транспарентноста и ќе им помогнат на домаќинствата подобро да ги планираат своите трошоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk