logo
logo
logo

Граѓаните треба да ги проверат до 31 мај

УЈП ИЗГОТВИ 862.896 ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ОСТВАРЕН ДОХОД

Vecer | 05.05.2026

УЈП ИЗГОТВИ 862.896 ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ОСТВАРЕН ДОХОД

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека изготвила вкупно 862.896 даночни пријави на граѓаните за остварен доход во 2025 година и ги повикува да направат увид во нив до 31 мај.

Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП, додаваат од УЈП.

Увидот во даночните пријави граѓаните можат да го направат на своите кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“ по што треба да ја потврдат годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен.

„УЈП апелира граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот „е-Даночни услуги“, за да може да изврши увид во својата ДЛД-ГДП, во најкраток можен рок потребно е да се регистрираат на системот„е-Даночни услуги“, се вели во соопштението.

По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни.

Годишните даночни пријави кои се коригирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка.

Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот).

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на [email protected], или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот: 02 3253 200 или на 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk