logo
logo
logo

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Vecer | 04.11.2024

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

- Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип. 

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk