logo
logo
logo

Убиецот од Цетиње бил апсен поради поседување оружје, меѓу убиените и две деца

Vecer | 01.01.2025

Убиецот од Цетиње бил апсен поради поседување оружје, меѓу убиените и две деца

Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни.

Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата.

РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ и дека претходно бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафана. Мартиновиќ потоа отишол дома да го земе пиштолот, се вратил во таверната, каде убил и ранил неколку лица. После тоа отишол во Хумци, каде ги убил децата на кафанаџијата и една жена.

Според нивните сознанија, Мартиновиќ не е поврзан со ниту една организирана криминална група, но од порано бил препознаен како лице со афективно однесување и бил уапсен за недозволено поседување оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk