logo
logo
logo

Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора

Vecer | 22.09.2025

Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора

Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван во поширокиот регион, а не е причинета материјална штета.

Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека самиот земјотрес не предизвикува загриженост, но од научна гледна точка се загрижени, со оглед на тоа што станува збор за „прилично чуден феномен што опстојува веќе 18 месеци“ и нагласи дека го следат развојот.

- Сеизмичката активност започна на почетокот на 2024 година, досега вклучува над 1.000 земјотреси, од кои девет се поголеми од четири степени според Рихтер. Денешниот е десетти земјотрес со идар од над четири степени според Рихтер. Најголемиот земјотрес беше пред три месеци со јачина од 5,2 степени, објасни Лекас.

Додаде дека станува збор за расед активиран во 2024 година, што уште има енергија, но неговата процена е дека нема да достигне до ниво што е над 5,2 степени. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk