Градскиот комитет на Српската напредна партија Нови Сад (ГО СНС НС) испраќа предлог до Главниот одбор и Претседателството на партијата Александар Вучиќ да биде носител на листата и кандидат на Српската напредна партија за премиер на претстојните парламентарни избори, без разлика дали се одржуваат предвремени или редовни, соопштија од ГО СНС НС.
Во соопштението се нагласува дека во текот на претходните 14 години, Александар Вучиќ несомнено докажал и потврдил дека е одговорен државник, со визија и сила да ја спроведе таа визија во дело, за што, се додава, сведочат резултатите од неговата политика.
ГО СНС истакна дека нивниот предлог ги зема предвид и исклучително сложените политички и безбедносни околности во целиот свет и затоа веруваат дека искуството, знаењето и политичките вештини на Александар Вучиќ се клучни за понатамошниот напредок и безбедност на Србија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата