Блокадата на зградата во која се наоѓаат Обвинителството и судот во Нови Сад заврши денеска околу 13:30 часот, а републичките и покраинските пратеници на опозицијата соопштија дека утре во 7:30 часот ќе организираат нова блокада пред таа зграда и додаваат дека ќе биде помасовна.
Тие порачаа дека во утрешната блокада ќе учествуваат сите пратеници и советници на опозицијата.
На крајот на блокадата, со црвена боја го отсликаа симболот на крвави раце на таблите на апелациониот, високиот и основниот суд во Нови Сад.
Опозицискиот советник Миран Погачар изјави дека нема да се откаже од барањето правда за жртвите од новосадската трагедија и барањето одговорност за виновниците за тоа злосторство.
-Сè уште немаме ниту еден осомничен, ниту еден обвинет, а за активистите кои се во притвор, иако се невини, судот не постапува по нивните жалби, рече Погачар.
Тој додаде дека борбата ќе продолжи и нагласи дека опозицијата нема да дозволи никој да страда под режимот на Александар Вучиќ. Ги повика граѓаните да се приклучат на утрешната блокада пред Обвинителството.
Полицијата во полна опрема за разбивање на демонстрациите се уште стои пред зградата и откако пратениците и советниците од опозицијата се разотидоа./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата