Штрајкот започна денеска, вторник, 19 ноември 2024 година во 5 часот наутро и ќе продолжи до среда, 20 ноември 2024 година во истото време.
- Согласно одлуката на ПОЕСИ и другите синдикати, ЕСИЕПИН се приклучува на 24-часовниот штрајк на новинарите во сите медиуми, како дел од протестот што го најави ГСЕЕ (Генералната конфедерација на грчките работници) - стои во соопштението на ЕСИЕПИН (Синдикат на Новинари на дневните весници на Пелопонез, Епир и островите).
Во штрајкот се вклучени новинари вработени во весници, списанија, државни, локални и приватни радио и телевизиски медиуми, новински агенции, како и портали и други медиуми, како во приватниот така и во јавниот сектор, пренесува Cretapost.
Синдикатите на новинари и медиумски работници го осудуваат одбивањето на работодавачите да преговараат за колективни договори во приватниот сектор, што резултира со ниски плати кои не ги покриваат основните животни потреби, особено во период на зголемена инфлација.
Journalists strike in Greece ahead of a nationwide walkout on Wednesdayhttps://t.co/LERPChUh1c
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) November 19, 2024
Истовремено, целото општество е соочено со нагло поскапување на основните животни намирници, струјата и парното, што ги става во тешка положба работниците и хонорарците.
Новинарите бараат:
- Колективни договори во сите медиуми и зголемување на платите и пензиите;
- Мерки за борба против инфлацијата и заштита на животниот стандард;
- Достапно и квалитетно домување за сите;
- Мерки за намалување на невработеноста,
- Враќање на 13-та и 14-та плата во јавните медиуми и формирање на истата за пензии и
- Зголемување на веродостојноста и плурализмот во медиумското известување.
Со овој штрајк новинарите испраќаат порака за важноста на слободните и доверливи медиуми кои се клучни за функционирањето на демократијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата