logo
logo
logo

Вучиќ: НЕМА ДА ИМА НЕЗАВИСНО КОСОВО

Vecer | 01.10.2022

Вучиќ: НЕМА ДА ИМА НЕЗАВИСНО КОСОВО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му порача на германскиот пратеник во ОН, Мануел Сарацин дека „нема да има независно Косово“ како што планира Берлин.

Претходно, германскиот дипломат изјави дека во врска со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово, нема да се дозволи создавање на „нова Република Српска“. „Не знаев дека за тоа одлучуваат Германците, добро е што господинот Сарацин јавно го кажа тоа.

Можам да му кажам, и многу го ценам, нема ни да има независно Косово како што планирате“, рече Вучиќ во Софија, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на гасната интерконекција меѓу Бугарија и Грција.

Нема да има санкции ниту против Русија

„Србија не воведува санкции кон Русија, бидејќи таа се бори за својата политика каде што може, а нашата политика е дефинирана со заклучокот на Советот за национална безбедност“, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk