Грција следниот месец ќе се воздржи од гласање во Комитетот на министри на Парламентарното собрание на Советот на Европа и нема да го поддржи барањето за пристапување на Косово во таа организација, најави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетрит.
Во интервју за грчката радио станица Канал 1, тој рече дека официјалниот став на Грција, која не ја признава еднострано прогласената независност на Косово, останува непроменет, имајќи предвид дека не се исполнети суштинските прашања, пред се создавањето на Заедницата. на српските општини.