logo
logo
logo

Вучиќ: „Чест ни е што Србија ја игра улогата на СФРЈ“

Vecer | 11.10.2021

Вучиќ: „Чест ни е што Србија ја игра улогата на СФРЈ“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на гостите на комеморативната седница по повод 60-годишнината од Движењето на неврзаните на саемот во Белград.

Претходно, претседателот на Азербејџан, Илхан Алиев, кој го отвори состанокот, му се заблагодари на Вучиќ за организирањето на состанокот на високо ниво.

„Ви благодарам, господине Алиев, за вашиот говор и за учеството во организацијата на оваа средба ... Добредојдовте дома“, рече Вучиќ за време на своето обраќање пред присутните, додавајќи дека мирот, безбедноста и човековите права се најважни за просперитет на луѓето.

"Убеден сум дека Белград, како симбол на крстопат и место за состанување на Исток и Запад, го поттикнува дијалогот меѓу страните ... Иднината на еднаквите е насоката во која се движеше ова движење. Ова не е само прашање на интересите на земјите, туку едно од важните цивилизациски движења напред“, истакна Вучиќ во говорот пред гостите.

Вучиќ објасни дека светот е значително променет во споредба со 1961 година, кога е основано Движењето на неврзаните, но тој изјави дека можеби е поважно од порано да се работи на развојот на мултилатерални контакти.

За време на својот говор, Вучиќ се осврна и на една стара африканска поговорка.

"Ако сакаш брзо, оди сам. Ако сакаш далеку, оди со некого", истакна Вучиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk