logo
logo
logo

Во повеќе од 100 основни училишта во Белград, утринава добиле лажни дојави за бомби

Vecer | 16.05.2022

Во повеќе од 100 основни училишта во Белград, утринава добиле лажни  дојави за бомби

По детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР во поголем број училишта, утврдено е дека пријавите за поставените бомби се лажни, се наведува во соопштението на министерството.

Учениците се вратени на настава, а во училиштата каде што се уште трае безбедносната проверка, учениците се пратени дома. Откако ќе заврши увидот во училиштето, учениците ќе бидат вратени на настава“нагласуваат од министерството.

Пријавите стигнале во раните утрински часови, во едно од училиштата било во 6.15 часот.во петокот три трговски центри, четири студентски домови и некои други објекти во центарот на белград добиле дојава за бомби.

Во текот на минатиот месец вакви дојави за поставени бомби имаше за три трговски центри и за училишта. Пред тоа неколкупати имаше дојави и за авиони на „Ер Србија“ на релација до Москва и за седиштето на „Ер Србија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk