Во Федерацијата БиХ без електрична енергија останаа околу 140.000 домаќинства, додека над 50.000 домаќинства се без струја во западниот дел на Република Српска.
Електростопанство на БиХ соопшти дека ситуацијата е најтешка во Унско-санскиот кантон, Тузланскиот кантон и Зеничко-добојскиот кантон.
Во Дрвар снегот стигна висина од два метра, а сите излези од градот се блокирани.
Во БиХ веќе два дена паѓа снег, на Бјелашница измерени 174 сантиметри снег, додека во Сараево снежната покривка е 28 сантиметри, каде отежнато се одвива сообраќајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата