logo
logo
logo

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање

Vecer | 24.12.2024

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање

Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти.

АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор, кога ќе биде инсталиран во апаратот на лицето кое се следи“.

Во извештајот на АИ вклучени се и сведочења на новинари и активисти, кои ја обвинуваат власта дека тајно инсталирала шпионски софтвер во нивните телефони додека бил во притвор или за време на испитувањето.

Додека српската полиција тврди дека користи само форензички средства во согласност со законите.

Активистите ја контактираа и специјализираната агенција на ОН и комесарот на Советот на Европа за човекови права. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk