logo
logo
logo

Во април Рим ќе биде домаќин на министерскиот состанок Италија-Западен Балкан

Vecer | 21.03.2023

Во април Рим ќе биде домаќин на министерскиот состанок Италија-Западен Балкан

Тајани, во разговор со својот српски колега Ивица Дачиќ, се согласил дека постои заеднички интерес за одржување на четвртата заедничка седница на владите на двете земји во Белград, со оценка дека тоа „ќе даде дополнителен импулс во натамошниот развој на билатералните односи“, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија по средбата на двајцата министри.

Италијанската страна ја истакна силната поддршка за што поскоро интегрирање на Србија во ЕУ, а во тој контекст шефот на италијанската дипломатија најави министерски состанок меѓу Италија и Западен Балкан, кој се планира да се одржи на почетокот на април во Рим, се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk