logo
logo
logo

Васко Саздовски, кој загина во Нови Сад зад себе остави две деца- вчера тргнал на пат кон дома

Vecer | 02.11.2024

Васко Саздовски, кој загина во Нови Сад зад себе остави две деца- вчера тргнал на пат кон дома

Овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството.

Директорот на тој институт Владимир Црнојевиќ ја потврди тажната вест.

- Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработил во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера - рече Црнојевиќ.

Колегите на Саздовски утрото по трагедијата се собраа во Институтот „Биосенс“. Според нив, Васко работел тука нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца.

Тргнал кон дома на трагичниот петок, 1 ноември.

Во Нови Сад од денеска е тридневна жалост поради смртта на 14 лица кои настрадаа од огромна настрешница на бетонска станица. Тој дел од зградата, според тврдењата и на кинескиот изведувач и на претставникот на Србија, не бил предмет на реконструкција на зградата на станицата, објави Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk