logo
logo
logo

Во Црна Гора убиени 12 лица, лекарите се борат за животите на четворица тешко повредени

Vecer | 02.01.2025

Во Црна Гора убиени 12  лица, лекарите се борат за животите на четворица тешко повредени

Тридневна жалост е прогласена во Црна Гора по вчерашниот ужасен масакр во Цетиње, откако 45-годишниот Ацо Мартиновиќ уби најмалку 12 лица, меѓу кои две деца, а уште четири се повредени.

Според црногорската полиција, Мартиновиќ масакрот го започнал од кафеаната „Велеството“ близу Спортскиот центар на влезот на Цетиње, откако влегол во жестока расправија со лицата кои биле во локалот. Сите жртви ги познавал, биле негови кумови, пријатели и другари.

„Атмосферата се одвивала во најдобар ред. Дошло до инцидент помеѓу него и уште едно лице. Тој консумирал алкохол целиот ден, заминал до куќата, го зел оружјето и лишил од живот четири лица на една локација. По злосторот, тој се оддалечил од местото на убиството и на три локации. Ги убил членовите на семејството Мартиновиќ, членови на неговото семејство и убил две деца не возраст од 10 и 13 години.“

По неколкучасовната потрага Мартиновиќ бил лоциран недалеку од неговата куќа во Цетиње и откако бил опколен, си пукал во главата и починал на пат кон болница.

„Акцијата заврши успешно. Ова лице биле опколено од полициските службеници. Во моментот кога забележал дека се наоѓа во безизлезна ситуација си го одзел животот.“

По страшната трагедија, музичките ѕвезди ги откажуваат концертите кои деновиве требаше да ги имаат во Црна Гора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk