logo
logo
logo

Три вагони со пропан излетаа од шини во Суботица

Vecer | 24.01.2023

Три вагони со пропан излетаа од шини во Суботица

Три вагони полни со пропан денеска излетаа од шините на во Суботица, јави Радио телевизија на Србија. Како што е наведено, гасот во резервоарите не истекувал и немало опасност по здравјето на луѓето. Областа на инцидентот е обезбедена. Возот се движел кон Нови Сад, а бил состав од 23 вагони-цистерни.

На 12 јануари во вечерните часови од цистерна во населбата Топола во Панчево имало истекување на раствор од амонијак. Сопственикот и возачот на камионот-цистерна се уапсени под сомнение дека предизвикуваат општа опасност и ја оштетиле животната средина, а надлежните соопштија дека овој инцидент не предизвикал последици од опасна закана по здравјето и безбедноста на луѓето.

На крајот на декември, четири од 20 вагони-цистерни што превезуваа амонијак излетаа од шините кај Пирот. По несреќата, повеќе од 50 лица се хоспитализирани поради симптоми на труење. На 26 декември, ден по несреќата, министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека причината е лошата инфраструктура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk