logo
logo
logo

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Vecer | 21.07.2024

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Цел на пукањето во градот Мемаљиај, во областа Ѓирокастро, биле членовите на семејството Каљеми, кои биле во кафеана на роднини.

Постои сомневање дека напаѓачите пукале од калашникови, а загинал Шиќири Каљеми (74), додека неговиот брат е тешко ранет, наведува „Албанијан пост“.

Во престрелката загинале келнер и муштерија во локалот. 

Постои сомневање дека членови на семејството Каљеми учествувале во убиството на бизнисменот Едмонд Папа во 2022 година, по што Шиќири Каљеми бил застрелан неколку пати.

По инцидентот, полицијата поставила контролни пунктови во градовите Фиера, Берат и Валона, а во блиското село било пронајдено опожарено возило „БМВ“ кое наводно го користеле сторителите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk