logo
logo
logo

Татко монструм од Сплит: 267 пати ја силувал ќерка си од кога имала 5 години- осуден е

Vecer | 12.06.2024

Татко монструм од Сплит: 267 пати ја силувал ќерка си од кога имала 5 години- осуден е

За пет години таткото монструм го силувал девојчето дури 267 пати, а сѐ започнало во 2018 година, кога таа имала само пет години.

Ја силувал во просек еднаш неделно, а последниот месец на два дена, пишува Далматински портал.

Освен првиот пат, кога тоа го направил во кампот кај Шибеник, сѐ се случувало во семејниот стан, во собата и бањата. Мајката на девојчето и сопругата на обвинетиот била тешко болна и нејзината состојба брзо се влошувала. Денес е неподвижна.

Во текот на судењето биле откриени многу болни детали од овој случај. Таткото ја спречил ќерката да има социјален контакт, ја однел на училиште и ја земал после часовите за да не се дружи со другите деца. Ја спречил и да ги посети бабата и дедо ѝ по мајка, кои живееле во истата зграда. Со денови не ја пуштал да излезе од дома, а кога бил незадоволен од нејзиното однесување, ја удирал по главата и стомакот. Таа со часови морала да се капе гола пред него во када.

Обвинетиот е осуден за 267 кривични дела сексуална злоупотреба на дете и кривично дело повреда на детски права. За секое кривично дело сексуална злоупотреба на дете тој е осуден на пет години затвор, а за повреда на правата на детето е осуден на три години, па е осуден на единствена и максимална затворска казна од 40 години. .

Обвинетиот без емоции го следел објавувањето на пресудата. Го донеле од сплитскиот затвор, а по пресудата е вратен таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk