logo
logo
logo

Грчко МНР: Одлуката за Белерис ја потврдува загриженоста за нивото на владеење на правото

Vecer | 25.06.2024

Грчко МНР: Одлуката за Белерис ја потврдува загриженоста за нивото на владеење на правото

Денешната одлука на Апелацискиот суд во Тирана доаѓа да ја поткрепи загриженост за нивото на владеење на правото и заштитата на малцинствата во Албанија, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција по потврдената пресуда за градоначалникот на албанскиот град Химара и европратеник од Нова демократија Фреди Белерис, јави дописничката на МИА од Атина.

Албаснскиот специјален суд, како што веќе објави МИА, ја потврди двегодишната затворска казна за градоначалникот од грчкото малцинство во земјата.

Од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението посочуваат дека Белерис не е само избран градоначалник на Хеимара, туку е и избран за пратеник во Европскиот парламент.

-Затоа, обврска на албанските власти е да ги преземат сите неопходни мерки за да му се даде можност да присуствува на работата на Европскиот парламент, почнувајќи од пленарната седница во јули, соопштија од грчкото МНР.

Белерис во мај минатата година, на два дена пред локалните избори во Албанија беше уапсен под обвинение дека купувал гласови, а потоа беше реизбран за градоначалник на Химара, додека пак на европските избори минатиот месец беше кандидат од владејачката Нова демократија и со 238.801 глас обезбеди место во Европскиот Парламент./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk