logo
logo
logo

Алармантна состојба во Приједор, БиХ: Евакуирани 145 лица, поплавени 800 објекти(Фото)

Vecer | 30.03.2025

Алармантна состојба во Приједор, БиХ: Евакуирани 145 лица, поплавени 800 објекти(Фото)

Ова за РТРС го потврди началникот на Одделот за цивилна заштита во Приједор, Мирослав Крнета.

.

- Реката Сана почна да опаѓа, беше 515 сантиметри, а сега е 456 сантиметри. Се намалува водостојот и на реката Гомјеница. Реката Милошевица овојпат не направи проблеми, поради изградениот потпорен ѕид. По анализата на настанатата штета ќе имаме повеќе информации - посочи тој.

Како што посочува, новиот проблем се подземните води кои почнаа да се појавуваат на места каде што досега не беше. - Евакуирани се околу 145 лица, оние кои немаа каде да одат се сместени во хотелот Приједор. Поплавени се околу 800 објекти, официјално ќе знаеме кога Градот Приједор ќе формира комисија која ќе излезе на терен - вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk