logo
logo
logo

Вучевиќ: Нема преодна влада во Србија, поднесов кривична пријава против четворица студенти

Vecer | 30.03.2025

Вучевиќ: Нема преодна влада во Србија, поднесов кривична пријава против четворица студенти

Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека очекува наскоро нова влада, наведувајќи дека тоа ќе биде „српска влада и нема да биде преодна влада на Ѓилас, туку на граѓаните на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изјава за белградски медиуми, тој нагласи дека поднел кривична пријава против четворица „студентi кои блокираат заради доведување на јавноста во заблуда, вознемирување на јавноста, затоа што лажеле, измислиле“ што се случило ноќта меѓу четвртокот и петокот во Нови Сад

Според него, тоа го направиле со цел -  „да го исполитизираат случајот“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk