logo
logo
logo

Српската полиција го уапси напаѓачот со самострел- сакал да влезе во МВР со седум стрели

Vecer | 01.07.2024

Српската полиција го уапси напаѓачот со самострел- сакал да влезе во МВР со седум стрели

„Попладнево полицијата го приведе Ж.Б.(56), кој од правец на Кнеза Милоша 101 влегол во зградата на Министерството за внатрешни работи на улица „Дурмиторска“, веднаш до спуштената стоп рампа, објави Телеграф.

Тој не ја послушал наредбата да застане и набрзина го напуштил кругот на МВР во правец на улицата Сараевска, по што бил фатен на улицата Дурмиторска.

Во неговиот ранец бил пронајден самострел со седум стрели, неколку ножеви и тегла со топовски зрна. Се истражуваат мотивите, лицето го нема на списокот на екстремисти, се претресува станот, неговите изјави се дека го гонат мафијата и службите и затоа сето ова го носел со себе.

„Ќе биде извршен и лекарски преглед, а за понатамошното постапување ќе одлучи обвинителот“, изјави Дачиќ.

Инаку, Милош Жујовиќ (25), кој во терористички напад пред израелската амбасада во Белград тешко го рани со самострел полицаецот Милош Јевремовиќ (34), според зборовите на неговиот татко, пред четири-пет бил регрутиран од луѓе од Црна Гора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk