logo
logo
logo

Србите ПРВИ во Европа ќе го добијат лекот Молнупиравир - 50.000 дози ќе пристигнат во јануари

Vecer | 19.10.2021

Србите ПРВИ во Европа ќе го добијат лекот Молнупиравир - 50.000 дози ќе пристигнат во јануари

Директорката на РФЗО, Сања Радојевиќ Скодриќ, за ТВ Прва изјавила дека Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на овој лек и дека очекува во декември да биде регистриран од Агенцијата за лекови на САД, објави српската агенција Бета. Потоа се очекува лекот да добие одобрување во Европа и Србија.

Експерименталниот орален лек на Merck & Co Inc против ковид-19, Молнупиравир, е во форма на таблети и треба да се користи кај пациенти дијагностицирани со коронавирус во првите пет дена по откривањето на вирусот. Според резултатите од клиничките испитувања, лекот ја намалува хоспитализацијата поради инфекција или смрт за 50 проценти кај пациенти склони кон потешка инфекција.

Доколку биде одобрен, Молнупиравир, кој што делува правејќи грешка во генетскиот код на вирусот, ќе биде првиот орален антивирусен лек против Ковид-19.

Радојевиќ Скодриќ посочила дека се завршени сите клинички студии за овој лек, за кој е неопходна пред регистрација, и дека резултатите се „одлични“. Таа, исто така, потсетила дека Молнупиравир не е првиот лек што го набави Србија“ и додаде дека од почетокот на пандемијата ги има „сите клучни лекови против ковид“.

Таа денеска на ТВ К1 посочи и дека цената на новиот лек кој започна да се користи во Србија пред неколку дена, Сотровимаб, изнесува 4.000 долари.

Цената на лековите што се користат во третманот на Ковид-19 се движи од неколку стотици до неколку илјади долари. Сотровимаб чини околу 4.000 долари. Тоа е лек од групата неутрализирачки антитела, кој се дава амбулантски во првите седум до десет дена од болеста, само еднаш, како инфузија. Овој лек е препорачан од Светската здравствена организација и е во американскиот протокол за лекување. Според податоците, лекот има ефикасност од 50 до 70 отсто во спречување на хоспитализација. Наменет е за лица постари од 65 години со хронични заболувања, кои се заразиле и се под висок ризик да развијат тешка клиничка слика. Тоа е еден од најефикасните лекови, наведе проф. д-р Радојевиќ Шкодриќ.

Таа посочи дека во Србија веќе долго време се достапни Регенерон и Бамланивимаб, од иста група лекови и ја повтори важноста на вакцинацијата имајќи предвид дека, како што рече, „вакцината спречува , а лекот лечи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk