logo
logo
logo

СПАК откри криминалната група, која за 20-45 000 долари пренесувала албански државјани до САД

Vecer | 25.07.2024

СПАК откри криминалната група, која за 20-45 000 долари пренесувала албански државјани до САД

Оваа криминална активност се сомничи дека е добро организирана на транснационално ниво, бидејќи илегалниот премин во САД е потврдено дека се вршел на релација Албанија-Италија-Шпанија-Мексико-САД.

-Лицата инволвирани во оваа криминална активност вршеле, пред сè воспоставување контакт меѓу лицата заинтересирани за заминување во САД а главниот организатор Л.М., во соработка со други лица, обезбедувало брзо изготвување фалсификувани документи за идентификација, патни билети, опремување со нови мобилни уреди и телефонски броеви, според земјите во кои се вршело патувањето и слично, јавија албанските медиуми.

Заинтересираните лица со албански пасош ја преминувале албанската граница, а на аеродромите во Шпанија од каде се вршел транзитот кон Мексико, па потоа кон САД, ги пречекувале други лица инволвирани во оваа криминална активност, кои ги обезбедувале нив со фалсификуван документ за идентификација. Целата оваа активност траела не повеќе од 15-20 дена и секое лице плаќало сума од 20 до 45 илјади долари.

Приведени се пет лица на кои им е одредена мерка притвор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk