logo
logo
logo

Стејт департмент: САД и Србија потпишуваат договор за стратешка соработка во областа на енергет

Vecer | 14.09.2024

Стејт департмент: САД и Србија потпишуваат договор за стратешка соработка во областа на енергет

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот помошник секретар за економски раст, енергија и животна средина Хозе Фернандез во среда во Вашингтон ќе потпишат договор за стратешка соработка во областа на енергетиката, соопшти Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград.

- Помошникот секретар на САД и министерот на Србија ќе одржат говор на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Србија со цел унапредување на енергетската соработка, се наведува во соопштението.

Фернандез и Ѓуриќ ќе одржат воведни говори пред потпишувањето на договорот.

-Стратешката соработка во областа на енергетиката ќе ги прошири можностите за американските компании да инвестираат во енергетскиот сектор на Србија, вклучително и на промовирањето на американски инвестиции кои ќе ги зајакнат односите меѓу САД и Србија, се заклучува во соопштението./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk