Двајцата обвинители, кои ја истражуваа аферата за приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“ Арбен Краја и Енкеледа Минолаи, веќе го испратија досието за судење во ЃККО, кое на прелиминарно рочиште, судијката Флојера Давиди, која на 27 минатиот месец му ја укина мерката куќен притвор на Бериша, треба да одлучи дали ќе оди на судење или не.
Специјалниот суд на 30 декември 2023 година го прифати барањето на СПАК одредувајќи му мерка „куќен притвор“ на поранешниот премиер и лидер на опозицијата, Сали Бериша, одредувајќи му мерка „куќен притвор“.
Според одлуката на судот, на Бериша му беше наредено да не го напушта станот и да не комуницира со други лица, но тој секоја вечер од прозорецот на станот се обраќаше пред негови приврзаници.
По укинувањето на одлуката за „куќен притвор“, тој, како пратеник, почна да учествува на пленарните седници на законодавниот дом.
Против лидерот на ДП се води истрага за пасивна корупција во аферата „Партизан“. Кога бил на функција премиер му овозможил на зетот за ќерка да го приватизира спортскиот комплекс во центарот на Тирана, каде тој изградил неколку повеќекатници и незаконски се стекнал со над 5 милиони евра.
За вмешаност во висока корупција Бериша и неговото семејство во мај 2022 година САД го прогласи за непожелен а во јули истата година и Велика Британија. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата