logo
logo
logo

Соработничката на Бандиќ и негова заменичка ќе раководи со Загреб до изборите во мај

Vecer | 28.02.2021

Соработничката на Бандиќ и негова заменичка ќе раководи со Загреб до изборите во мај

Откако во текот на изминатата ноќ ненадејно почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, со главниот град на Хрватска ќе управува 46-годишната заменик-градоначалничката Јенела Павичиќ-Вукичевиќ.

Павичиќ-Вукичевиќ ќе ја преземе функцијата како една од двете заменички на градоначалникот која важеше за близок соработник на Бандиќ. и е со него од почетокот на кариерата. Дека таа ќе управа со Градот Загреб до изборите, потврдија и од партијата на Трудот и солидарноста на Бандиќ. За разлика од неа, другата заменик-градоначалничка, Оливера Мајиќ, пишуваат хрватските медиуми, не важи за човек од блиските кругови на починатиот градоначалник.

Кога Бандиќ првпат беше избран за градоначалник во 2000 година, Павичиќ-Вукичевиќ била секретар на градската организација на партијата и членка на Градското собрание на Загреб. Три години подоцна, таа стана член на Парламентот, а во 2008 година секретарка на Градскиот секретаријат за образование, култура и спорт.

Таа во два мандати беше заменик-градоначалничка, првиот од 2009 до 2013 година, а по втор пат беше избрана во 2017 година на непосредни локални избори.

Јелена Павичиќ-Вукишевиќ е исто така потпретседателка на Партијата за труд и солидарност.

Бандиќ почина од срцев удар ноќеска во загрепската болница „Свети Дух“. Лекарите не успеале да му го спасат животот на Бандиќ, кој бил примен со влошена здравствена состојба, предизвикана од срцев удар. Тие се обиделе со реанимација, но срцето на 66-годишниот Бандиќ не продолжило да чука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk