logo
logo
logo

Словенија прогласи КРАЈ: ЕПИДЕМИЈАТА ЗАВРШИ

Vecer | 15.06.2021

Словенија прогласи КРАЈ: ЕПИДЕМИЈАТА ЗАВРШИ

Епидемијата на коронавирус заврши, беше речено денес на прес-конференцијата на словенечката влада.

Сепак, како што велат оттаму дел од мерките ќе останат на сила.

Тековните мерки ќе бидат во сила до четврток, а потоа тие можат да бидат преиспитани.

Според словенечките медиуми, носењето маска ќе остане задолжително на затворени јавни простории, исто како и употребата на средства за дезинфекција и одржувањето на пропишаното растојание.

„Денеска е последен ден од епидемијата во Словенија. Епидемиолошката состојба во Словенија е поволна. Секој што ги следеше мерките, одлучи да се вакцинира и пред се постапи одговорно, е заслужен за тоа", рече портпаролот на словенечката влада Маја Братуш на конференцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk