logo
logo
logo

Силно невреме во БиХ: Ветер откорна дрвја, оштети згради

Vecer | 05.08.2021

Силно невреме во БиХ: Ветер откорна дрвја, оштети згради

Олујно невреме ги погоди северните и централните делови на Босна и Херцеговина, предизвикувајќи мала материјална штета и го отежна сообраќајот.

Откорнати дрвја, оштетени возила и згради се последици од невремето пријавено од Бања Лука, Бугојно, Травник и Коњиќ.

Патиштата на некои делови на  Бања Лука изутрината беа непроодни поради голема количина дожд што падна, а силен ветер го однесе покривот на зградата на основното училиште.

Во Травник, ветрот откорна дрвја и ги оштети фасадите на неколку згради, вклучително и хотел.

Во Коњиќ, штетата е предизвикана од краткотраен град.

Денеска беше прогласен жолт метеоролошки аларм за цела БиХ, со предупредување за потенцијално опасни временски услови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk