logo
logo
logo

ОРБАН НА УНГАРСКО-СРПСКАТА ГРАНИЦА Еден ден откако беа пронајдени експлозиви во Кањижа (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2026

ОРБАН НА УНГАРСКО-СРПСКАТА ГРАНИЦА Еден ден откако беа пронајдени експлозиви во Кањижа (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утрово замина за границата со Србија за да провери дали сè е во ред со гасоводот на унгарска страна.

„Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Наместо да полеваме, одиме на унгарско-српската граница. Вчера се обидоа да го дигнат во воздух гасоводот на српска страна. Проверуваме дали сè е во ред на унгарска страна. Ќе бидам во контакт во живо со развојот на настаните“, рече Орбан во својата објава на Фејсбук со видео.

Велигденскиот понеделник, вториот ден од празникот што се слави според грегоријанскиот календар, е познат по обичајот на прскање вода.

Вчера, два големи пакети со експлозив со стапчиња беа пронајдени во областа на селата Велебит, Трешњевац и Војводе Зимоњиќ во општина Кањижа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk