logo
logo
logo

Роде: Косовските партии немаат веќе право да организираат предизборни собири во Германија

Vecer | 19.11.2024

Роде: Косовските партии немаат веќе право да организираат предизборни собири во Германија

Во објава на својата страница на „Х“, Роде ги пренесе  одредбите од специфичен правилник, според кој, германските власти не даваат дозвола политички партии од друга држава да одржуваат митинзи на германска територија во периодот од три месеци од датумот на изборите.

За Косово, бидејќи изборите ќе се одржат на 9 февруари, тоа значи дека кампања во Германија не може да се одржува од 9 ноември.

Роде објави дека за регулативата го информирал Министерството за надворешни работи на Косово и политичките партии.

Косовските политички партии во последните денови организираа митинзи во различни европски земји со тамошната косовска дијаспора./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk