logo
logo
logo

Рама: Додека Косово сфати, ЌЕ ПОМИНАТ ГОДИНИ

Vecer | 21.04.2021

Рама: Додека Косово сфати, ЌЕ ПОМИНАТ ГОДИНИ

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека „мини Шенген“ е можност за „отстранување на границите меѓу Албанија и Косово“, но верува дека ќе поминат години пред Приштина да го сфати тоа.

Рама тврди дека идејата потекнува од поранешниот албански премиер Фатос Нано и дека тој прв ја поттикнал меѓу лидерите на земјите членки на „мини Шенген“, пренесуваат приштинските медиуми.

Тој исто така смета дека Приштина треба да даде приоритет на дијалогот со Белград, така да Косово достигне повисоко ниво во економска и социјална смисла.

„Првиот регионален Шенген беше идеја на Фатос Нано во време кога се чинеше лудо. Јас повторно поставив ова прашање затоа што беа создадени услови. Регионалниот Шенген значи отстранување на границата меѓу Албанија и Косово, но додека во Косово го сфатат тоа, години ќе поминат и Косово ќе губи време. Мини Шенген е идеја што јас најпрво ја протуркав и имам сведоци за тоа кога првпат се собравме во Берлин“, рече Рама.

Говорејќи за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Рама изјави дека, за него, „иднината на Косово без решителност да се стави крај на дијалогот е нејасна, не во смисла на независност, туку во однос на капацитетите што можат да бидат на располагање за да се подигне Косово на повисоко ниво, во економски и социјален аспект “.

„Мора да видиме како ќе се одвива процесот на Косово“, рече Рама.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk